Исмаил: Дури и во Османлиско, земјата му припаѓала на земјоделецот!

Статус на Реџеп Исмаил – Хактан, член на президиумот на Левица

„Дали премиерот е свесен дека со ваквиот став – од кој впорочем поаѓа и законот за продажба на земјата како оправдание за негово носење – очигледно се издава дека владата апсолутно нема никаква аграрна политика, а ниту пак намера за развивање на некаков план што со земјоделието!?

По истиов принцип и логика се отуѓија јавните претпријатија и фабриките кои народот во ЈУ ги создаде со свои раце, за во време на фамозната транзиција тие капацитети да ги разграбат функционерите и фамилиите блиски токму до партијата на Заев.

И за да се истакне уште по ачик интелигенцијата на премиерот, тој заклучува дека земјиштето немало да го носи никој ниту во Австралија, ниту во Америка, ниту во Европа, тоа ке останело тука?! Па токму тоа е и трагедијата бре човеку, кај државата ја направи таква да народот е страно тело во нејзе, фабриките и производителите грдители на туѓи бели дворови, сега последната надеж, бастионот на македонската држава и нејзиното најсилно оружје – земјата, сакаш да ја отуѓиш та од нејзините плодови да се сладат туѓите европски народи, да се полнат нивните пазари, а ние да бидеме нивни аргати кои не најмиле да им ја произведуваме храната која нема да може да си ја припуштиме … освен тие фабриканти и олигрски како тебе секако.

Ваквата “генијална” идеја за прикупување на ситни пари во буџетот е враќање на феудализмот во Македонија. Вакво нешто немало ниту под Османлиско, дури и тогаш земјата му припаѓала во голем дел на земјоделецот!”