Каква е пораката на Германија со испраќањето на 14/88 тенкови

Германија потврди дека прво ќе испрати 14 од вкупно 88 тенкови „Леопард“ во Украина. Испраќањето оружје не е ништо ново, меѓутоа пораката зад овие бројки открива страшна вистина – дека нацизмот не е мртов или е само во нашата потсвест.

Дали Германија испраќа неонацистичка порака до Украина заедно со новата испорака на оружје, со поздравот „ Хајл Хитлер“?

Имено, бројките 14/88 се нацистичкиот поздрав, каде 14 ги означува четиринаесетте зборови “We must secure the existence of our people and a future for white children” што буквално значи „Мораме да го обезбедиме постоењето на нашиот народ и иднината за бели деца“, додека 88 означува „Хајл Хитлер“, бидејќи буквата „Х“ е осмата буква од латиничната азбуката.

Креатор на симболот 14/88  е  Дејвид Лејн (1938 – 2007), член на американската расистичка терористичка организација „Редот“, кој беше осуден на 190-годишна затворска казна за неговата улога во атентатот на еврејски водител на ток-шоу, како и за многу други криминални дела.

Симболот 14/88 е широко користен од екстремната десница во различни земји како идентификатор на нацистичките и неонацистичките ставови. Овој број може да се најде на промотивните материјали, во имињата на екстремно десничарските музички групи, како и на интернет во прекарите и е-мејл адресите на неонацистите. Се користи и како поздрав меѓу неонацистите, каде што генерално е или само бројот четиринаесет, или осумдесет и осум.

Во Украина, тој е многу широко користен за демонстрирање на нацистички и расистички ставови, честопати без врска со одредена организација или структура. Поради својата едноставност, броевите често се користат и како графити.

На крај се поставува прашањето дали 14/88 е чиста случајност или позади ова се крие пораката дека нацизмот сепак не е мртов?