(Видео) Свеќаровска: Кој наш универзитет добил дозвола да работи на територија на Бугарија!?

Жаклина Свеќаровска, координатор на Секторот за образование на политичката партија Левица, денес одржа прес конференција пред Министерството за образование и наука, по повод актуелниот нацрт закон за учебници кој што се турка под превезот на некаква си наводна модернизација во образованието.


На прашањето „Кој е ставот на Левица во однос на одобрувањето на Владата за отворање на бугарски универзитет во Македонија“, Свеќаровска рече:

„Ставот ќе го срочам во едно прашање, кое ќе го упатам до Владата, односно, возвратно реципрочно – Кој наш универзитет добил дозвола да работи на територија на Бугарија!?“