Апасиев: Шпанија стана првата земја-членка на ЕУ која на затворска казна осуди музичар за текст на негова песна!

Утринава во Шпанија беше уапсен левичарскиот рапер Пабло Хасел поради навреда на кралската круна и глорифицирање тероризам, според шпанските власти. Шпанскиот суд на Хасел му одреди 9 месеци и еден ден затвор за неговата левичарска музика и неговиот активизам за наводно „величење на тероризам и навреда на круната и државните институции“. ⁠

Тој беше осуден врз основа на 64 пораки на Твитер и песна споделена на Јутјуб, во која тој ги критикуваше шпанските институции, вклучително и круната. ⁠

Со фејсбук статус реагираше и претседателот на Левица – Димитар Апасиев, кој напиша дека „Шпанија стана првата земја-членка на ЕУ која на затворска казна осуди музичар за текст на негова песна.”