ФЗОМ бара ликовен уметник како советник на директорот за административни работи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), на јавен оглас за вработување, бара советник кој ќе го советува директорот за административни работи, а услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување.

Советникот на директорот кој треба да го советува директорот за административни работи според посебните услови треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, организациски науки и менаџмент“.

Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка за месечна латата од 34.448,00 мкд.