Апасиев: Ковачевски е домазет во сопствената Влада, затоа се плаши да го разреши Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Информацијата ја потврди министерот, одговарајќи вчера на новинарски прашања во Гинекологија Чаир.

Разрешувањето на Сашко Јовев, кој лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во државата. Претходно ја доби наградата за животно дело „Гемиџиите“ на Општина Велес, а беше и дел од тимот наградени со „13 Ноември“ на Град Скопје, што наиде на бурни реакции кај јавноста. Многумина ваквата одлика на министерот Меџити ја оценуваат како непрофесионална и политичка.

Пратеникот од редовите на Левица – Димитар Апасиев, денес исто така се приклучи на критиките, но, наместо кон министерот, тој прстот го впери во (како што тој љуби да го нарече октроираниот премиер) Ковачевски, за кого рече дека ако е вистински премиер, до сега ќе го разрешел Меџити.

„Сега Таче да беше премиер, а не домазет во Владата, ќе го разрешеше министерот за здравство, онака лаконски“, – напиша Апасиев, нарекувајќи го Ковачевски домазет.