Домот за стари лица во Кратово – само во предизборните програми на СДС, ДПМНЕ и СПМ

  • Реакција на Левица – Кратово

Иако е реална потреба за повозрасната популација на лица кои живеат во Кратово, домот за стари лица сеуште стои само на хартија во предизборните памфлети на политичките партии.

И Градоначалникот од СПМ, Николовски, но и тогашната Министерка од СДС Шахпаска, ветуваа и уверуваа дека оваа идеја ќе стане реалност за Кратовчани.

Во списокот на МТСП за објекти предвидени за домови за стари лица, стои и зградата на старото училиште „Кочо Рацин“ во чии простории се наоѓала и детска градинка.

Но оваа зграда денес стои запуштена и заборавена од Локалната самоуправа иако е во нејзина сопственост, а надлежното министерство очигледно нема намера ова ветување да стане реалност за кратовчани.

Поради ваквиот неодговорен и брутален однос на властите, младите во Кратово се помалку ги има, а возрасните лица се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат, сонувајќи дека ветениот дом за стари лица еден ден ќе го добијат.

Левица апелира овој проблем час поскоро да се стави на дневен ред, како би се изнашло идејно решение за изградба на ваков дом.

Ова е линкот до објавата https://www.facebook.com/levicakratovo