[Видео]Нов гаф: Заев ја згреши делегацијата, тргна по Вучиќ

На крајот на прес-конференцијата на која српскиот претседател Вучиќ и премиерот Заев ја промоцираа донацијата на вакцини од Србија, се случил протоколарен гаф. Како што може да се види од видеото на српската државна агенција, Танјуг, Заев по ракувањето со Вучиќ наместо кон својот тим тргнува заедно со српскиот тим чекорејќи зад Вучиќ.

Веднаш потоа, откако протоколот на македонската делегација забележува дека Заев оди зад грбот на Вучиќ, го повикуваат и тој се упатува кон македонската делегација.