Наместо да ги зачуваме нашите, Битики се бори да увезе работници од странство

Веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria.

„На пазарот на труд има недостаток на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст, посочи Битиќи“.

На прашањето на Bloomberg Adria дали во тие 14 отсто невработеност не може да ги најдеме квалификуваните кадри кои што ги бараат компаниите и оттаму да се земат наместо да се бара увоз на работна сила, вицепремиерот одговори дека примарно работната сила ја бараме од тие кои се активни баратели на работа во земјава, но констатација на сите е дека се уште имаме недосток на работна сила во некои сектори и специфична квалификувана работна сила.

На темата за увоз на работна сила во истата емисија говореа и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата и Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратегиски истражувања на Стопанската комора.

„На пазарот има сериозен недостиг од работна сила, па затоа според стандардот на работниците и платите во регионот и пошироко, сметаме дека ќе мора да се потпираме на работна сила која ќе мора да ја донесеме од блискиот и далечниот исток, а можеби и од други континенти“, изјави Бошков.

Глигор Бишев, пак, во неговата изјава истакна дека и покрај тоа што имаме стапка на невработеност од 14,2 отсто, речиси не можат да се најдат лица за работа во градежништвото, но и во голем број други индустрии, а исто така и во голем број услужни сектори.

Владата на СДСМ и ДУИ во чии програмски заложби високо стоеја заложбите за спречување на иселувањето и враќање на младите назад, наместо да работи на тоа, таа планира законски измени за увоз на работници во државата, од посиромашни земји и многу веројатно од блискиот исток.

Додека работодавачите, кои со платите и условите за работа кои ги овозможуваат дадоа клучен допринос за иселувањето на младите и одливот на работна сила, наместо да работат на задржување на оваа работна сила која останала, тие бараат увоз на евтина работна рака.

Потсетуваме осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство за само едно полугодие, додека во овој град има недостиг на текстилни работници, кој очигледно Битики планира да го пополни со „увоз“ на работници од Блискиот исток.