Дали претседателот на Уставен Суд Сали Мурати ја саботира постапката за оценување на уставноста на законот за банки ?

Во статус на својот фејсбук профил прашање постави претседателот на Левица, Димитар Апасиев :

ДАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД – САЛИ МУРАТИ, ПОД ВЛИЈАНИЕ НА БАНКАРСКОТО ЛОБИ, СВЕСНО ЈА САБОТИРА ПОСТАПКАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА НА ЗАКОНОТ ЗА БАНКИ!?

Претседателот на Уставниот суд на РМ (во заминување) – Сали Мурати, кршејќи го Деловникот на Уставниот суд, свесно и злонамерно ја одолговлекува постапката за оцена на чл. 163, ст. 3 од Законот за банки – којшто му дава приоритет на наплата на Фондот за осигурување депозити, пред сите други оштетени доверители/депоненти/штедачи, во случај на пропаст на некоја банка.

Според инсајдерски информации од Уставниот суд, планот на Сали Мурати бил – до крајот на месец мај 2021, воопшто да не ја става на дневен ред оваа точка, за која Судот веќе донесе решение за започнување на постапка за оценка на уставноста на оваа спорна одредба. Ова, претседателот на Уставниот суд – Мурати, го прави со цел, во меѓувреме, да истечат мандатите на двајца судии кои гласаа ЗА укинување на овој контроверзен став, надевајќи се дека новите уставни судии – кои ќе бидат послушници од тефтерчињата на СДС и ДУИ – нема да ја укинат/поништат оваа фаворизирачка норма, играјќи повторно во интерес на банкарското лоби во Македонија, а на штета на граѓаните!

#УставенСрам

ДАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД – САЛИ МУРАТИ, ПОД ВЛИЈАНИЕ НА БАНКАРСКОТО ЛОБИ, СВЕСНО ЈА САБОТИРА ПОСТАПКАТА ЗА…

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, May 5, 2021