(Видео) Јовановска: Mерната станица кај Усје е појдовна точка за детектирање на најголемите загадувачи во Скопје

  • Говор на советничката од Левица – Катерина Јовановска за иницијативата да се постави мерна станица за квалитетот на воздухот кај компанијата УСЈЕ. Оваа иницијатива на Левица беше УСВОЕНА од страна на Советот на Град Скопје.

„Иако поставувањето на мерна станица кај индустрискиот капацитет УСЈЕ не е системско решение, сепак претставува појдовна точка за детектирање на најголемите загадувачи во градот Скопје.

Години наназад се дискутира кои се факторите за загадениот воздух и затоа мора да се почне да се ДЕТЕКТИРА кои се загадувачите, со цел понатаму да се најдат долгорочни решенија.

Неодамнешната инспекција кај УСЈЕ покажа неколку пати поголемо ниво на загаденост од дозволените количини и сметаме дека ако се постави мерна станица на овој индустриски капацитет, ќе може на дневно ниво да се мери квалитетот на воздухот и да се преземат соодветни мерки.”