Крмов: Етничка припадност во личните карти, ќе ја разбие македонската нација

Изјава на пратеникот Борислав Крмов, за Канал 5, на тема поднесените амандмани од страна на Левица, со цел да се спречи донесувањето на Предлог – законот на БЕСА, со кој би се вовела графа – етничка припадност во личните карти.

Според Левица, СДСМ и ДПМНЕ работат за албанските партии со цел, донесување на ваков Закон, кој води кон сведување на Македонија на обична територија, составена од етникуми, а со тоа се разбива македонската нација.
Етничка и национална припадност се два различни термини. Националната припадност се одредува според државјанството на лицето. Токму поради ова, не смее да се воведе „етничка припадност“ во личните документи, бидејќи во тој случај, Македонија, ќе стане администрирана територија на етникуми, без државоносечки национален елемент!
Тоа е НЕДОЗВОЛИВО и НЕДОПУСТЛИВО!

#ЛевицаОдПарламент