АктуелноБиблиотекаЛокално

Идејно-политичката работа на АФЖ (Егејска Македонија)

На сенофитскиот актив што се одржа на 20 мај 1947 година, организацијата АФЖ е окарактеризирана како силен политички фактор и како организирана сила која може самостојно да делува.

 Добивајќи една таква важна историска оценка, АФЖ ги засилува cè повеќе своите редови и својата дејност jа насочува кон реализација на поставените задачи тесно поврзани со потребите на партизанските единици во ДАГ од една страна и друга кон идеолошко-политичката работа.

Ваквите задачи се зацртани во директивното писмо на Главниот одбор на АФЖ, доставено во текот на мај 1947 година, до сите окружни одбори на АФЖ.

Мото на писмото е будењето на националното чувство кај Македонката, кое во тешките години на грчкото ропство било потиснато од идеите на големо-грчкиот шовинизам.

За да се успее во тоа, пред окружните одбори се наложи задачата за перманентна агитација за револуционерните традиции на Илинденското востание, не само пред македонскиот народ, туку и пред грчкиот, за да jа разбере вистината за едно македонско постоење, дека покрај грчката постои и македонската реалност.

„За да се успее во нашата борба, се вели во директивното писмо, а од тоа ќе зависи дали ќе живееме слободни или ќе бидеме робови, историски се наметнува потребата од поголем борбен дух кај Македонката, таков каков што имаа многу Илинденки за време на востанието. Треба да се знае за маките и страдањата како и за борбите на нашиот народ за време на диктатурата на Метаксас, борбите на албанскиот фронт, борбите против германскиот окупатор, особено да се истакне бopбата на хероините како што е Мирка Гинова и др. Всушност, се вели понатаму во писмото, целокупната работа со жените, организирани во АФЖ, треба да се спроведува така што кај секоја жена да бидат јасни пapoлите: борба за национална слобода и рамноправно граѓанство“.

Работата на окружните одбори, што било олесната и преку АГИТПРОП, во врска со спроведувањето во практика на директивите зацртани во писмото на Главниот одбор, покажа повеќе од очекуваните резултати.

Така, 85% од македонското население во Егејска Македонија наполно расчисти со својата национална припадност и немало колебливост во националните чувства.

 Покрај дејноста околу националното будење на Македонката, условите ja наметнаа потребата и за координирана работа меѓу Македонките и Гркинките, секако во полна соработка со НОФ и КПГ. Зближувањето меѓу Македонката и Гркинката требало да се почне од базата и cè повеќе да се заврстува нагоре, особено меѓу кадрите на АФЖ и ПДЕГ (Сегрчки демократски сојуз на жените).

Зацврстувањето на братството и единството меѓу Македонката, Гркинката, Влаинката и Арнаутката, преставувало исто така тежиште во идејно-политичката работа на АФЖ. Македонката несебично ja популаризирала xepojската борба на грчкиот народ од турско време па и против германскиот и другите окупатори, изнесувајќи ja како светол пример пред македонскиот народ.

Ликот на младата Илектра Апостолу, хероината на грчкиот народ од периодот на окупацијата и ликот на Мирка Гинова, хероината на македонскиот народ, во текот на граѓанската војна станаа симбол на братството и единството на двата народа.

Грчки и македонски партизани-борци на ДАГ, марширајќи во борбен поход, заеднички ja пееја македонската песна „Во борба, во борба македонски народе“. Многу од Гркинките пројавуваа желба, како што вели секретарот на Главниот одбор на АФЖ – Вера Николова, да станат членови на АФЖ и заедно со Македонките да го дават својот придонес за ДАГ.

Благодарение на координираната работа на НОФ – АФЖ – ЕАМ – АКЕ, се постигна цврсто единство меѓу Грците и Македонците и 95% од Македонците веруваа во тоа единство и сакаа да живеат братски со грчкиот народ.

Општите директиви за братството и единството, за дигање на борбениот дух кај Македонката и будењето на националното чувство, требаше да помогнат на една од најбитните и најосновните задачи и потреби на борбата, односно подготвување терен за масовио вклучување на жената во редовите на ДАГ и тоа стана тежиште на АФЖ во целокупната нејзина идејно-политичка работа.

Покрај сето ова што го изнесовме погоре, во директивното писмо на Главниот одбор на АФЖ се зацртани и ред други задачи што требаше да бидат спроведени од организацијата АФЖ. Да наведиме неколку:

– Давање масовен отпор против иселувањата на селата и нивното уништување;

– Организирање на протестни комисии кои пред органите на власта и пред странските дипломатски претставништва би протестирале против бомбардирањата и други злосторства на монархофашистите;

– Активирање на лица во комисиите на ООН, со цел да се открие вистината за денешната борба пред народите во светот;

– Поголехмо активирање на АФЖ за наоѓање што повеќе извори за помагање на борбата;

– Водење сметка за пополнување на испразнетите места со кадрови во редовите на НОФ, АФЖ, ЗПГ, Народната власт, Националната солидарност и сл.;

– Чување на народниот и личниот имот со цел да не биде откриен и ограбен од непријателот и др.

Работата на политички план бараше посебни напори од кадровите на АФЖ за да се издигне политичкото ниво кај жената. Високите раководни кадрови на организацијата биле директно ангажирани со разни предавања пред членовите и општо пред македонскиот народ за политичката ситуација во земјата и странство, за причините и последиците на Втората светска војна, за положбата на жената во капиталистичкиот и социјалистичкиот свет, особено се популаризираше животот на советската жена, херојските подвизи на жената вклучена во редовите на ДАГ, за обврските и задачите на Македонката пред судбоносните денови на борбата и сл.

Ha овој план, покрај директните контакти со базите, многу помогна и печатот, особено „Нова Македонка“ – орган на Главниот одбор на АФЖ во Егејска Македонија.

Уште во првиот број на списанието е објавена статија во која се повикуваат Македонките во борба за слобода: „Ние Македонките, се вели во статијата, не можеме да останеме надвор од оваа борба. Го мразиме фашизмот затоа што над нашиот грб ги растовари сите зла. На нашиот грб се лееше целиот фашистички бес. Ние многу настрадавме. Видовме како нашите деца ги влечат по занданите, видовме како нашите домови се уриваат, а нас не мачат и силуваат. Но и покрај тоа ние не наведнавме глава. Го избравме борбениот пат против непријателот на народот и жената. Од суровите борби изникна АФЖ и успеа да вникне во душата на македонската жена, да ги пронајде нејзините стремежи, да ja облее со светол пример и да ja воведе во борбата. Токму овие стремежи АФЖ ги изразува преку своето списание“.

Списанието „Нова Македонка“ стана трибина за идеолошко и политичко издигнување на македонската жена. Со растежот на АФЖ се усовршуваше и ова списание и стануваше се поприсутно во животот на Македонката. Тоа стана огледало на напорите што ги правеше жената за да биде достоен претставник на борбата што jа водеше за слобода. Токму во тие напори, Македонката се докажа колку е силна да издржи и да го понесе врз себе тешкиот товар на борбата.

  • Овој извадок е петтиот дел од серијата стории кои  ги споделуваме како извадоци од книгата „Историја – 60 години КПЈ – СКЈ“. Првите четири делови прочитајте ги на овој линк.