Левица: Дали Фамилиите на Ангов и Филипче градат фотоволтаични централи во Дојран?

  • Реакција на Левица – ЛО Дојран

Неодамна локалните медиуми објавија дека сопругата на градоначалникот Анго Ангов ќе гради фотоволтаични панели во Дојран. Но, не објавија каде.

Централната власт 2.5 хектари плодно земјоделско земјиште во м.в. Цидричева шума во Сретеново, општина Дојран, на кое некогаш имаше земјоделски култури, го трансформирала во градежно земјиште.

Таму претходно било предвидено да се прави винарија, но Министерството за транспорт и врски во март годинава дало Согласност тоа плодно земјиште да се зароби со фотоволтаични панели.

Советот на Општина Дојран во април годинава донел Одлука со која се предвидува 80% од таа површина да се зароби со фотоволтаични панели.

Од нашите сограѓани добиваме информации дека и фамилијата на Венко Филипче е замешана во ова. Затоа јавно прашуваме: „Дали сопругата на Ангов и фамилијата на Филипче ќе го запечатат ова плодно земјоделско земјиште со фотоволтаици?“.