Инспекторот Илиевски: Заев и Спасовски ги штитат ДУИ пред очите на ЕУ

Инспекторот Ѓорѓи Илиевски во гостување на ТВ Алфа јавно обзнани дека премиерот Заев, министерот Оливер Спасовски и Рената Десковска вршеле притисоци врз него за да не се откријат незаконитостите на Тетовскиот Универзитет . Според инспекторот, притисоците биле вршени со цел да се заштити коалицијата со ДУИ.

Се работи за скандалот на Тетовскиот универзитет со противзаконското унапредување во наставно-научни звања на тројца функционери на ДУИ: Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули. За овој случај, пред една година Левица поднесе претставка до Антикорупциска Комисија.

Инспекторот обелодени дека добивал закани од Нухиу, кој сега е актуелен заменик-Министер за правда. Иако за ова биле информирани премиерот Заев и министерот Спасовски, тие директно му посочиле дека не смеат да реагираат.

Дополнително, Илиевски посочи дека биле откриени незаконитости со акредитацијата на Државниот тетовски универзитет, но поранешната министерска Дескоска му посочила дека не смее тоа да се актуелизира затоа што ќе ја расипат коалицијата со ДУИ.