„Беса турс“ години наназад работела незаконски

Атлетичарката Дрита Ислами со јавноста сподели сопствено искуство од патувањето со агенцијата „Беса турс“ кон Бугарија. Таа нагласи дека „Беса турс“ многукратно и непрекинато ги прекршувала правилата при секое патување. Според атлетичарката од агенцијата никогаш не се обиделе да исправат своја грешка, а се случувало и нејзините возачи ги подмитуваат полицајците. Нејзиното обраќање беше објавено од „Алмакос“ портал на албански јазик.

„Најпрвин, сакам да изразам сочувство до семејствата на жpтвите. Чувствувам потреба да ги споделам ова лошо искуство, затоа што се работи се за истата агенција што y6и 45 луѓе на истото место, во Бугарија.

Во 2019 година, кога требаше да одам на Софискиот аеродром, купив билет од оваа иста компанија. Нивното возило беше запрено од полицијата за технички преглед.

Полицијата го запрела уште двапати истата недела но некако го пуштила, но овој пат НЕ. Заедно со петмина други патници, бевме сведоци дека тоа возило на компанијата не го помина тестот за кoчење. Рачната кочница воопшто не работеше!!

Тогаш, бевме принудени да го продолжиме патувањето со друго, приватно возило, чијшто возач всушност беше ‘резервен’, во случај првото возило да не го помине техничкиот преглед.

Обичен автомобил за пет луѓе, а ние заедно со возачот бевме седуммина, неколкупати ги pизикувавме животите по патот.

Нѐ запре бугарската полиција за пребрзо возење, а возачот ги поткyпи полицајците со само десет евра!

Оваа компанија никогаш не се ни обидyва да ги поправи техничките проблеми на нивните возила, таа нема никаква одговорност за животите на нивните патници.

За мене ова беше прв и последен пат да патувам со оваа компанија, затоа што бев cведок дека таа има нула одговорност за животите на патниците!!!“