Гутереш: Газа станува гробишта за деца, за стотици девојчиња и момчиња

Коментарите на шефот на OОН следат откако здравствените власти во Газа кажаа дека бројот на мртвите надминал 10.000 луѓе, а шефовите на сите главни хуманитарни организации на ОН дадоа заедничка изјава повикувајќи на прекин на огнот.

„Мораме да дејствуваме сега за да најдеме излез од овој брутален, ужасен, мачен ќорсокак на уништување“, им кажа Гутереш на новинарите во ОOН.

Тој додаде дека „Газа станува гробишта за деца, за стотици девојчиња и момчиња, кои, според извештаите се убиени или повредени секој ден“.

Напорите на Советот за безбедност на ОН да преговараат за договорената резолуција со која се повикува на прекин на огнот се во ќорсокак, а десетте непостојани членки даваат сè од себе за да постигнат договор за формулациите. Потоа ќе се изврши притисок да се спречи една од петте постојани членки кои имаат право на вето, најверојатно САД или Русија, да го блокира текстот, пишува Гардијан.

Гутереш кажа дек се случуваат јасни кршења на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека на ОН им се потребни 1,2 милијарди долари за да помогнат во испораката на помош за 2,7 милиони луѓе во Газа и на Западниот брег. Во пракса малку д оваа помош може да дојде до луѓето во Газа.

„Копнените операции на Израелските одбранбени сили и постојаното бомбардирање ги гаѓаат цивилите, болниците, бегалските кампови, џамиите, црквите и објектите на ОН, вклучувајќи ги засолништата. Никој не е безбеден“, кажа Гутереш.

Тој истакна дека во исто време, Хамас и другите милитанти, како што наведе, ги користат цивилите како жив штит и продолжуваат неселективно да лансираат ракети кон Израел.