Главниот одбор на АФЖ (Егејска Македонија)

 

До I-от конгрес на АФЖ, што се одржа на 29 април 1948, Главниот одбор бил формиран од секретарките на окружните одбори на чие чело била Николова (Балева) – Вера.

По Конгресот е избрано ново раководство: Николова – Вера за политички секретар, Стерјана Вангелова – Славјанка за организационен секретар, Султана Наскова – инструктор, Уранија Раковска – инструктор, секретарките на окружните одбори: Махи Пилаева на Леринскиот, Ленка Стојкова – Мирка на Воденскиот и Хрисанти Цанѕовска на Костурскиот.

Горенаведените другарки го сочинувале и Извршниот одбор на Главниот одбор на АФЖ, а во состав на Главниот одбор влегоа уште и другарките: Марика Самаренчево – Зоја, Ленче Цветковска, Кица Белчева – Махи, Томаја Терзиева, Александра Костова, Александра Панова, Александра Ганзовска, Пена Јурукова, Нули Џаџовска, Вергинија и др. (oвие другарки бea и секретарки на реонските одбори).

Во ваков состав, Главниот одбор на АФЖ работел cè до октомври 1948 година, кога по расцепот на раководството на НОФ и донесувањето на Резолуцијата на ИБ, дел од кадарот на НОФ – АФЖ премина во Југославија како што беше случајот со Стерјана Вангелова – Славјанка, Ленка Стојкова – Мирка, Марика Самаренчева – Зоја, Султана Наскова, Донка Димитриева, Трајанка Георгиева и др. Резултат на сето ова беше измена на организационата структура на АФЖ по окрузи и реони. Радикални промени во кадровската структура на АФЖ настанаа особено по II-от конгрес на НОФ, кога во Главното раководство на АФЖ биле кооптирани неколку нови другарки, кои тешко можеле да се приспособат на новосоздадените услови, кога македонскиот народ, како никогаш дотогаш, грчевито се борел за своите национални права.

Организацијата АФЖ во Егејска Македонија, суштински престана да постои кон крајот на август 1949 година, кога силите на ДАГ биле принудени да преминат во Источноевропските народни републики и ФНР Југославија. Меѓутоа, може да се каже дека формално постои cè до 1952 година. Македонците од Егејска Македонија, кои емигрирале во тие земји, формирале нова организација, наречена Илинден и со одлука на Конгресот на оваа организација, одржан на 1-3 април 1952 година во HP Полска, беа расформирани македонските антифашистички организации НОФ – АФЖ – НОМС.

За Македонците емигранти во источноевропските земји, кои заедно со грчките борци jа лееja крвта на Вичо и Грамос и во цела Грција за слободата и независноста на Грција, настанаа тешки денови, затоа што преку организациите НОФ – АФЖ биле обвинети за предавство, наводно дека биле виновни за поразот на демократското движење во Грција, а тоа произлегуваше од ставот на КПГ и Информбирото кон Југославија која директно била обвинета за поразот на ДАГ.

  • Овој извадок е четвртиот дел од серијата стории кои  ги споделуваме како извадоци од книгата „Историја – 60 години КПЈ – СКЈ“. Првите три делови прочитајте ги на овој линк.