Стотици злоупотреби на придавката (северно)македонска, владата молчи
На Македонија и се случуваат стотици навредливи употреби на придавката северномакедонски од различни медиуми, институции и други извори а македонските власти јавно не реагираат до тие што наместо придавката македонски користат навредливо преименување на идентитетот.
“Ова е список на примери на медиуми и други, кои го користат терминот „Северномакедонци“ или негова варијација, како идентитет на македонскиот народ, што не е во ред. Во многу случаи, овие примери покажуваат како медиумите, и другите, погрешно го користат терминот за да опишат други аспекти на Македонија, како што се главниот град, владата, храната, кованиците, културата, па дури и воздушниот простор. Ќе го ажурирам периодично. Оваа листа не е исцрпна – таа се состои само од примери што ги најдов во мојот дневен преглед на вестите”, пишува Џејсон Мико на темата.
Сите примери кои ги пронашол Мико на овој линк:
https://miko-janos.medium.com/the-north-macedonians-46165399a9bd
Извор: https://www.expres.mk
Пред само неколку месеци Вистиномер го цензурираше Антропол за истата тема.
Текстот во кој крајно тенденциозно и малициозно се таргетира Антропол беше насловен: „Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“.
Неговата цел не е само да се шири пропаганда во одбрана на Преспанскиот договор кој македонскиот народ го отфрла и никогаш нема да го прифати. Целта е да се замолчат и целосно да се цензурираат критичките медиуми на Фејсбук.