Се засилува инквизицијата – Антропол на мета на „Вистиномер“

Антропол вчера се најде на мета на пропагандниот портал „Вистиномер“, чија што цел е репресија и ограничување на медиумскиот простор за сите противници на естаблишментот и НАТО агресорите во земјава. Како што веќе и е добро познато на јавноста, „Вистиномер“ е директно финансиран од страна на три организации прочуени по нивните глобално распослани кампањи за инсталирање на Влади и „невладини“ организации кои се послушни пиуни во рацете на западниот империјализам: 

  • НЕД – Национална фондација за демократија, финансирана од Конгресот на САД; 
  • БТД – Бaлкански фонд за демократија на Германскиот Маршалов фонд на САД и
  • ФООМ – Фондација отворено општество – Македонија  
Спонзорите на „Вистиномер“

Текстот во кој крајно тенденциозно и малициозно се таргетира Антропол беше насловен: „Дезинформација е дека на пописот во Швајцарија сме именувани како „северномакедонци“. Неговата цел не е само да се шири пропаганда во одбрана на Преспанскиот договор кој македонскиот народ го отфрла и никогаш нема да го прифати. Целта е да се замолчат и целосно да се цензурираат критичките медиуми на Фејсбук. Имајќи во предвид дека останатите медиуми, како телевизиите и весниците, веќе се под капата на естаблишментот, ова е крајно штетен процес кој има намера да воведе целосен медиумски мрак и тоталитаризам во државата.  

Во текстот се користат класичните методи кои пропагандните неолиберални медиуми ги користат за дискредитирање на слободните медиуми како Антропол. Па така, тие намерно се фокусираат на деталите на дрвото во обид да го одвлечат вниманието од шумата која гори. 

Антропол повеќе пати предупредува дека една од најштетните последици на Преспанскиот договор и насилната промена на името е извлекувањето на придавки како  „северномакедонски народ“ и „северномакедонски јазик“ од името Северна Македонија. За бројни примери на таквата употреба можете да го погледнете текстот „Две години Преспа – идентитетот бетон, објавен во јуни 2018 година, во кој се прикажува употребата на придавката „северномакедонски“ во англиското говорно подрачје. Исто така, лидерот на Левица Димитар Апасиев повеќе пати предупредуваше за ваквите последици за време на кампањата „Бојкотирам“ против промената на името (видео на крајот на текстот). 

ПРИМЕР 1:  На страна на Википедиа пишува северномакедонски парламентарни избори

Штетната употреба на „северномакедонци“ како придавка е се’ позастапена по светските медиуми, што значи дека Преспанскиот договор се докажува како агресивен упад во македонскиот идентитет, кој засилено се шири низ каналите не само на  светските медиуми, туку и низ сите меѓународни и државни организации и институции на ширум светот.  

Придавката Nordmazedonien се вгнезува во германскиот јазик

Во германското говорно подрајчје постојат различни примери за употреба на придавката Nordmazedonien. На пример на веб страната на речникот duden.de кога ќе го пребарате терминот nord­ma­ze­do­nisch, се појавува следната фраза „Северна Македонија, кое се однесува на северомакедонците од Северна Македонија“.

На официјалната страна на германски речник „северномакедонци“ е народот кој е извлечен од името Северна Македонија.

Кица Колбе, една од поддржувачките на Преспанскиот договор, самата ја забележа оваа ревизионистичка и негаторска функција на Договорот. Истата ја опиша во колумна за Дојче веле во која признава дека придавката „северномакедонски“ се’ повеќе почнува да се вгнездува во германската јазична пракса:

Во април во многу весници се објави веста: „Северномакедонците (die Nordmazedonier) го избираат новиот претседател на државата.” По кусо време почна да се прави и придавка од името „Nordmazedonien” – „nordmazedonisch”. „Што значи за Вас да бидете Северномакедонка“, ме праша пред еден месец новинар на голем германски весник. А на онлајн-соопштението за литературен фестивал во Германија, една позната македонска писателка деновиве е најавена како „северномакедонска авторка”, пишува Кица Колбе за Дојче Веле.

Понатаму таа истакнува дека „опасноста за Македонците да се „изгубат во преводот” на германски не е мала.“ Колбе објаснува дека денес за име на државата во германскиот јазик се употребува слеаниот збор Nordmazedonier, што пак има бројни негативни импликации и за употребата на придавката „северномакедонски“. 

„Nordmazedonien, како композитна именка, создава недоразбирање. Затоа што од неа може да се образува и нова именка за народот: Nordmazedonier.“ 

Понатаму таа вели, „Северномакедонци“, засега, постојат само во германскиот правопис. Но, ако тоа стане норма, таквите „граматички призраци” тешко се изгонуваат од реалноста. Понатаму, во истата колумна Колбе посочува на тоа дека граматичката логика и медиумските текови ќе одат во насока на нормализирање на употребата на придавката „северномакедонски“ за што пак требало да се свесни тие кои го потпишувале договорот. 

„Македонската политика морала уште пред потпишувањето на Преспанскиот договор да ги има предвид овие несакани ефекти“, продолжува Колбе. Понатаму, таа кажува дека заканата е значително зголемена поради тоа што не постојат никакви напори од страна на македонските институции, вклучително и на МНР за борба против вакви процеси. Имајќи го сето ова во предвид не  би било никакво изненадување доколку државни инстуции (како организацијата која го спроведува пописот во Швајцарија) престанат или веќе престанале да не’ препознаваат како Македонци, а почнеле да користат „Северномакедонци” или „Nordmazedonier.“

Антропол ги повикува сите наши сограѓани ширум светот да ни праќаат примери за употребата на придавката „северномакедонски“ во различни јазични контексти како доказ за токсичноста на Преспанскиот договор, кој агентите и инквизитори од „Вистиномер“ жолчно го бранат.