Левица: Кој и зошто ги црта и прецртува парцелите во Бардовци?

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Карпош

„Кој и зошто ги црта и прецртува парцелите во Бардовци? Тоа е прашањето за кое се’ уште немаат одговор Бардовчани. Овој процес кој трае неколку години се прави целосно на штета на жителите на ова населено место и далеку од нивните очи.

Имено, пред повеќе години државно земјиште оди во рацете на неколку приватни лица, кои потоа формираат нови парцели од веќе постоечки, но и со окрупнување на истите.

Со новоформираните парцели се затвора досегашниот пристап на Бардовчани до нивните имоти кој го користат со децении. Со самото тоа се добива впечаток дека целта е новите сопственици на парцелите да формираат уште поатрактивни парцели за продажба и поголема искористеност на истите, што е на директна штета на Бардовчани кои сега немаат пристап до своите ниви.

Врз основа на наведеното се постауваат неколку прашања:

  1. Како сегашните сопственици станаа сопственици на имот од илјадници метри квадратни, ако се знае дека поголем дел од тој имот бил во државна сопственост,?
  2. Како станале сопственици на имот кој бил во владение на Министерството за Одбрана?
  3. Кој дозволил пат да стане дел од приватни имоти?
  4. Зошто државата прифатила трампа на парцели, ако се знае дека со самата постапка се прави штета на другите жители?
  5. Дали Општина Карпош ќе дозволи пренамена на земјиштето од плодно во градежно?”


КОЈ И ЗОШТО ГИ ЦРТА И ПРЕЦРТУВА ПАРЦЕЛИТЕ ВО БАРДОВЦИ? Кој и зошто ги црта и прецртува парцелите во Бардовци? Тоа е…

Posted by Левица – Карпош on Wednesday, March 17, 2021