Мојсоска: Додека власта секој ден тоне во скандали на корупција и лаги, „Вистиномер“ цензурира објави за северномакедонскиот идентитет

Јована Мојсоска, член на Президиумот на Левица, денес реагираше за обидот на „Вистиномер“ да го замолкне на Антропол. Воедно, таа истакна дека истиот портал, под нејасни критериуми, има добиено дозвола да чекира објави како лажни вести, да брише објави под изговор за говор на омраза, како и да намалува видливост на постови на “неподобните” медиуми.

Редакцијата на Антропол исто така се обиде да добие информации какви се критериумите за новинарска екипа која има право да цензурира, што е особено сензитивна област и може да претставува опасност за слободата на говор. На сајтот на Вистиномер објавен е дел од тимот со кратки биографии, кои не значат многу за обичниот читател. Може да се забележи дека речиси сите биле дел од медиуми кои беа критични кон претходната власт, а дел од нив станаа владини мегафони на новата власт. Доколку се разгледа фејсбук-профилот на главниот уредник Владимир Петрески, може да се забележи дека на неговите објави има допаѓања и од истакнати партиски активисти како Петрит Сарачини.

Ако главната цел на Вистиномер е „граѓаните да се едуцираат како да ги читаат и интерпретираат изборните програми и платформи, како и самите да следат и да оценуваат колку од тоа што е напишано и ветено се исполнува”, како што пишува на нивниот сајт, односно ако истите треба да ги оценуваат ветувањата на власта – останува нејасно како токму активистите на власта имаат симпатии кон нивните наводни рецензенти.



Додека власта секој ден тоне во скандали на корупција и лаги – Вистиномер рецензираат објави дека не сме биле СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ во светските медиуми, бранејќи го ревносно квислиншкиот Преспански договор?! Истава багра, која под нејасни критериуми и стандарди добила дозвола да ЦЕНЗУРИРА објави на фејсбук, се занимава со колку улици реконструирала Владата – додека власта бара провизија за вакцини, премиерот се јавува за да пуштат човек на граница и течат скандали за делење пари на фирми блиски до власта во време на пандемија.

Пола од нивните фамозни факт-чекери немаат ниту една објава против Владата на личните профили – дури и добиваат лајкови од типични партиски мегафони како бламажата наречена Амор Ра. Во новата демократија, инсталирана од ЕУ и НАТО, критиката против режимот на власт претставува ЛАЖНА ВЕСТ. Бујрумте сите да ги демаскираме: праќајте објави, написи, текстови како светот го користи срамниот термин Северномакедонци – па нека пробаат сите да ги цензурираат., – напиша Мојсоска на својот профил.