Апасиев од Скопје: Во идниот парламент Левица ќе има меѓу 8 и 12 пратеници

Левица го одржа завршниот митинг на партијата во Градски парк во Скопје. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, истакна дека очекува Левица во идниот парламент да има 8 до 12 пратеници.

Тоа, како што нагласи, ќе даде можност за фајтерска битка за македонските државни и национални интереси во парламентот.

-Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори, подвлече Апасиев.

-Потребна е брза и одлучна политичка акција за конечен пад на овој корумпиран хибриден режим…

-Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата, внатрешните квислинзи, домашниот окупатор…

На овие избори бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии, порача Апасиев.