Златев признава дека пренесува лажни вести од луѓе што не знаат ни фотошоп

Новинарот кој својот занает го учеше кај Латас, во сопствената емисија, на сопственото радио (финансирано од странски пари) си призна дека пренесува лажни вести со цел да наштети на Левица и Апасиев.

За неговиот портал, како што тој вели дека нема ништо читаност и дека не го следи ниту еден медиум во земјава и дека е до толку очен, како што вели без никаква репродукција, т.н. новинар Љупче Златев, одлучи да сподели како од неговиот портал и радио емисија се шират лажни вести за Левица.

„Оваа анализа, ја го анализирам ова, не тврдам дека ќе го поддржам, го пишува портал што има ништо читаност лидер.мк, тоа е мојот портал, нашиот портал, порталот на ова радио. Ова не го следи ниту еден друг медиум во земјата, нема нешто широка репродукција, по социјални мрежи, обичен текст кај нас што се појавил, ништо битно.“

Новинарот што слижи на ДПМНЕ, свесен за одговорноста и санкцијата која може да следи за неговиот медиум, во обид да ја заштити партијата што ја застапува и за која јавноста знае дека се служи со фарма од лажни профили на социјалните мрежи, кои се платени од народни пари, за да плукаат по политичките опоненти, во продолжение призна дека веста која што ја шири неговиот медиум, не само што е лажна, туку и дека е изработена од аматери.

„Некој подоцна на твитер вади лажна вест, и јас тоа што го видв, тоа е очигледен ‘фејк’, од страна на некого, не знаеме кого, дека Апасиев, насоки за гласање на претседателски избори бојкот или неважечки. Јас го видов, ова е аматерски, ова го направил некој што нема поима ни од фотошоп, да бидам искрен.“

Останува да видиме, дали новинарството во Македонија ужива некаков углед и дали институциите задолжени за нивен мониторинг ќе преземат нешто? Љупче Златев не се извини за споделувањето на лажната вест, и во текот на целата емисија, како и во секоја претходна, се обидуваше да плука по Левица, што следеше со објавување на нови провокативни наслови кон партијата, а потоа за реакциите на нејзините членови глумеше жртва.