Н.Р. Кина е најголемиот трговски партнер на ЕУ

Според најновите податоци, Кина за прв пат стана најголем трговски партнер на ЕУ во првите три четвртини од оваа година. Од јануари до јули, трговијата меѓу Кина и ЕУ се зголеми за 2,6 проценти на 328,7 милијарди евра и тоа во услови на пандемија од вирусот КОВИД-19. Трговската размена меѓу ЕУ и Кина изнесува 425,5 милијарди евра, што е за десет милијарди повеќе од размената со Соединетите држави, според новите податоци на Евростат.

Кина и ЕУ имаат развиено блиски билатерални производствени мрежи, како и партерства за иновации, трговија, инвестиции и финансии, а во изминатите неколку години, Кина презеде и многу мерки за да ваквата соработка се прошири од производството до услужната и финансиската индустрија, со што создаде подобри услови за инвеститциската соработка помеѓу овие два тргововски партнери. 

Врските меѓу Кина и Европа, поради активната дипломатија на кинеските лидери, се шират и стануваат поцврсти во последните неколку години. Кина исто така продолжи да ги поддржува европските земји во борбата против вирусот. Кинеските, германските и лидерите на ЕУ, во понеделникот одржаа онлајн самит, потврдувајќи дека уште повеќе ќе ја зајакнат соработката, почнувајќи од трговија до контрола на епидемијата. На оваа средба, лидерите најавија продолжување на дијалогот за воспоставување на вискоко ниво на соработка за зелени и дигитални партнерства меѓу Кина и ЕУ.

Сепак, се појавуваат одредени негодувања на партнерството на овие два региона, бидејќи САД не можат да се воздржат од мешањето во односите на Европа со Кина, па дури и САД тврди дека има зголемено незадоволство од кинеската политика во Европа. Минатиот месец, државниот секретар на САД, Мајк Помпео отпатува во Европа, што некои кинески експерти го нарекоа патување на лагите и со цел сеење страв над Кина.