Формирана коалиција наречена „Група на пријатели за одбрана на Повелбата на Обединети Нации“

Седумнаесет земји-членки на ООН, формираа коалиција наречена „Група на пријатели за одбрана на Повелбата на Обединети Нации“ која ќе се залага да се намали донесувањето на еднострани принудни мерки.

Оваа група ги вклучува: Русија, Иран, Куба, Северна Кореја, Венецуела, Палестина, Сирија, Алжир, Ангола, Белорусија, Боливија, Камбоџа, Н.Р.Кина, Еритреја, Лаос, Никарагва и Свети Винцент и Гренадини.

Во меморандумот со кој се разјаснуваат принципите на Група на пријатели во одбрана на Повелбата на Обединети Нации, се вели дека воведувањето на присилни мерки и повлекувањето од глобалните договори се знаци на растечки унилатерализам.

„Мултилатерализмот моментално претрпува голем притисок, со што ги загрозува глобалниот мир и безбедност“, се вели во документот.

Според концептската белешка: „Светот сè повеќе прибегнува кон еднострани, изолационистички и произволни активности, вклучително и воведување еднострани принудни мерки, повлекувања од историски договори или мултилатерални институции, како и обиди за поткопување на критичните напори за решавање на заедничките и глобалните проблеми“.

Медиумите забележуваат дека основачите на групата биле подложени на остри и незаконски санкции од поранешната американска администрација кои по се изгледа продолжуваат со исто темпо и под администрацијата на ново-избраниот претцедател Бајден.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби меѓународна критика (вклучително и од западните сојузници) за неговиот едностран и изолационистички пристап кон надворешната политика. Неговата администрација објави планови, за повлекување од Светската здравствена организација (СЗО), повлекување од Советот за човекови права на ООН, културната агенција на ООН УНЕСКО, Парискиот климатски договор и Иранскиот нуклеарен договор од 2015 година. Но, Бајден, кој ја презеде должноста во јануари, го откажа повлекувањето од СЗО, ги врати САД кон климатскиот договор, ја обнови соработката со Советот за човекови права со седиште во Женева и се обидува повторно да влезе во преговори околу нуклеарното вооружување.

На состанокот на Советот за безбедност на ООН во четвртокот се дискутираше за односот помеѓу воениот конфликт и гладот. Иран, кој е дел од групата и претрпе огромна хуманитарна штета заради еднострани ограничувања од страна на САД. Според нив, санкциите се главна причина за несигурноста на храната и појавата на гладот.

„За борба со ваков сериозен проблем како што е недостаток од храната и глад предизвикани заради конфликти, Советот за безбедност мора да ги задолжи сите држави да се придржуваат до принципите на ООН (правото на храна, итн.). Истовремено, самиот Совет за безбедност не смее при никакви околности да ги блокира хуманитарните мисии, храната или лековите“, рече иранскиот амбасадор Маџид Раванчи.

Тој потсети на хуманитарната катастрофа во Јемен, чие население страда е заради санкциите од голем број земји. Според него, разорните и долгорочни последици од нелегалните санкции се исто толку брутални и ужасни, колку тероризмот, воените злосторства и злосторствата против човештвото. 

„Нема ништо поитно од непосредно укинување на нехуманата опсада на јеменскиот народ и укинување на нелегалната блокада на Газа“ – додаде амбасадорот

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареас која ја подржува оваа идеја повика и останатите земји да се приклучат кон оваа иницијатива: „Групата нa пријатели за одбрана на Повелбата на ООН се засилува. Венецуела, како една од земјите основачи на ова здружение, ги повикува сите држави кои ги почитуваат принципите и целите на ООН да се приклучат на оваа иницијатива. Зајакнување на мултиполарноста е потребно “.

Оваа група е „од отворен карактер“. Средбите на оваа група треба да се одржуваат најмалку еднаш на секои три месеци, со можност за одржување вонредни состаноци за специфични прашања, на барање на членовите. Министрите за Надворешни работи на земјите-членки исто така ќе се среќаваат  на годишниот собир на Генералното собрание на ООН во Њујорк.