Апасиев: Таче ќе го прифати францускиот предлог

Лидерот на Политичката партија Левица Димитар Апасиев во свој стил преку социјалните мрежи се обрати до јавноста, коментирајќи ја неговата претпоставка за наредните чекори на владата по однос на „францускиот предлог“.

Апасиев е убеден дека како многупати досега Владата предводена од СДСМ и ДУИ, односно премиерот Ковачевски во Брисел ќе го прифатат францускиот предлог.

Таче викендов ќе го прифати “францускиот предлог” за бугаризација на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен антивладин Отпор.

Освен ова, пратеникот изрази сомнеж во улогата која ја има ВМРО-ДПМНЕ во целиот процес и изрази надеж дека овој пат, тие ќе застанат со народот и нема да се „продадат“ како што беше случајот со Преспанскиот договор.

Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!