Левица: Општина Карпош ќе потроши до 1.500.000 денари за отстранување на корењата од исечените дрвја
Локалниот огранок на Левица – Карпош реагираше за договорот помеѓу Изградба Комерц ДООЕЛ од Скопје и општината, за „отстранување на корења од исечени дрвја и просторно ослободување на корењата на постоечките дрвја на територија на Општина Карпош“ во вредност на склучениот договор (со вклучен ДДВ) од 1.500.000 денари, иако Општина Карпош е најзадолжена општина во Македонија со долг поголем од 5 милиони евра.
„Општина Карпош во последниве неколку години се претвори во бетонска џунгла. Не остана еден тревник и еден слободен простор, кој не е асфалтиран или претворен во градежно земјиште. Таков беше и последниот случај со тревникот пред пожарната на улицата “Митрополитот Теодосиј Гологанов” каде тревникот беше претворен во асфалтирана површина, а за што беа исечени неколку дрвја. И не само што се сечат дрвјата во Општина Карпош со што жителите се лишени од зеленило и зелени површини, туку дополнително Општината троши илјадници евра за тендери поврзани со исечените дрва.
На 24.02.2021 година Општината Карпош склучила договор или рамковна спогодба со фирмата Изградба Комерц ДООЕЛ од Скопје за „отстранување на корења од исечени дрвја и просторно ослободување на корењата на постоечките дрвја на територија на Општина Карпош“ во вредност на склучениот договор (со вклучен ДДВ) од 1.500.000 денари.
Овој договор следи во време кога Општина Карпош е третата најзадолжена општина во Македонија со долг поголем од 5 милиони евра. Со ова, уште еднаш се потврдува недомаќинското раководење на општината.“
ОПШТИНА КАРПОШ ЌЕ ПОТРОШИ ДО 1.500.000 ДЕНАРИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА КОРЕЊАТА ОД ИСЕЧЕНИТЕ ДРВЈА Општина Карпош во…
Posted by Левица – Карпош on Friday, May 7, 2021