22% од населениетo во ЕУ живее вo ризик од сиромаштијa

Во 2022 година, 95,3 милиони луѓе во Европската Унија (22% од вкупното население) биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, односно живееле во домаќинства кои се соочуваат со најмалку еден од трите ризици: сиромаштија, тешка материјална и социјална состојба и живеење во семејства со многу ниска вработеност, објави Евростат.

Најмногу луѓе изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост има во Романија (34%), во Бугарија (32%), Грција и Шпанија (по 26%). Од друга страна, пак, најмалку сиромашни и население во социјален ризик се регистрирани во Чешка (12%), Словенија (13%) и Полска (16%).

Речиси 20 милиони деца во земјите на Европската унија живеат во сиромаштија, известува организацијата „Save the Children“. Во 2021 година, бројот на деца во ризик од сиромаштија се зголемил за 200.000 односно на 19,6 милиони, се вели во новиот извештај на оваа организација.

„Со едно од пет деца во сиромаштија низ целата земја, не може да има повеќе изговори: германската влада мора конечно да ги исполни своите ветувања за справување со детската сиромаштија“, рече претставникот на организацијата.

По овие параметри, Шпанија и Романија имаат најлоши резултати со 33,4% и 41,5% од децата во ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Германија беше малку под европскиот просек од 23,5%, додека ризикот од детска сиромаштија беше најнизок во Финска (13,2%) и Данска (14%).