Професори од Европа потврдуваат: Секаде има и печатени учебници!

Професорката Кристина Цонкинска во групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!, која брои над 75 илјади членови, објави информации од други професори од странство, кои ги побиваат тезите на Мила Царовска за наводни дигитални учебници во цел свет. Како што пишува професорката, која има повеќегодишно искуство со професори од европски земји, низ цела Европа учениците имаат печатени учебници.



„Ова го споделувам за да ви биде уште еден аргумент, потврден со факти, а не невистини кои ги пласира Министерката, на утрешниот состанок со МОН. Јас сум наставник во основно училиште, имам повеќегодишно искуство и соработувам со многу колеги од многу европски земји преку интернационални проекти.

Имам посетено неколку училишта во Германија, Италија, Романија, Грција, Шпанија, Англија и Чешка, и секаде учениците имаа печатени учебници. Не знам по примерот на кои европски земји, сакаат да воведат целосна дигитализација, тоа е апсурдно и за тоа сум сигурна дека се против 99, 9 % од наставниците.

Вечерва, за да го докажам ова, ги прашав некои од колегите од странство да ми кажат каква е ситуацијата во нивните земји. Чекам уште одговори и ќе објавам дополнително доколку треба, но доволно се и овие одговори што ги добив од колегата Ville од Финска, Габриел од Романија, и останатите кои ги споменуваат државите. Пораките се на англиски јазик, ќе преведам доколку е потребно во коментар, но во сите тие земји: Финска, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Луксембург и Романија, секаде имаат печатени учебници. Во некои земји се мислело или пробале само дигитални, но пак се вратиле на традиционални учебници.

Значи, што мисли таа министерка што нема никакви допирни точки со образование, дека таа знае какво треба да биде образованието во нашата земја? Знаат најдобро наставниците, но никој не ги прашува.


Имам прашање до вас, кое не е поврзано со проектот, но многу сум заинтересиран да дознаам со сигурност. Во нашата земја има нов закон, кој новата Влада сака да го спроведе без да се консултира со било кој. Родителите и наставниците се многу лути, но тие велат дека тоа е пракса во развиените земји. Тие сакаат сите учебници да бидат во дигитална форма и учениците од 4-то одделение и нагоре да не добиваат било какви печатени книги. Така, нашите ученици нема да имаат книги (само дигитални) што е голем срам. Затоа ве молам за одговор на прашањето дали имате само дигитални книги како ресурс за учење за вашите ученици?

Ние користиме традиционални книги и различни дигитални платформи паралелно, одговори Ville од Финска.

Во Луксембург сите имаат печатени учебници, платени од Владата.

Исто и кај нас. Ние во поголем дел се” уште користиме печатени верзии, одговори Габриел од Романија.

Во Шпанија мислам дека зависи од изборот на самото училиште. Нашето училиште се обиде да имплементира е-книги, но тоа не даде добри резултати и потоа тие се вратија на традиционалните книги, одговори Ана од Шпанија.

Во Холандија не постои таков закон. Ние користиме голем број на печатени материјали. Како двојазично училиште, ние сме должни да ги изложуваме учениците на автентични и занимливи материјали. Под A, за академски и конгнитивен развој и под Б, да изградат зрел начин на размислување, кој е меѓународно ориентиран. Постојат училишта кои пробале само со е-книги, но тоа се покажало како неуспех. Холандските училишта се должни да им нудат бесплатни книги за учење на учениците и тоа е причината што многу училишта работат со книги и е-книги. Односно со микс од двете. Единствена причина за ова е намалување на трошоците. Пред неколку години имаше огромна дебата на тема дали училиштата да се дигитализираат, но сето тоа заврши со заклучок училиштата да користат книги …