Ристов: Патните трошоци на пратениците се поголеми од инвестициите во патиштата

Изминатите денови повторно се актуелизираше темата за патните трошоци на пратениците откако беа споделени информациите за тоа колкава сума народни пари се потрошени за оваа намена.

Колку и да се обидуваат пратениците оваа тема да ја деактуелизираат, таа отвара бура од негативни емоции и реакции кај граѓаните. Членот на президиумот на Левица Бранко Ристов констатираше дека пратеничката на СДСМ од Гевгелија потрошила повеќе за патни трошоци, одошто оваа влада има инвестирано во патот по кој таа оди на работа.

Во моментов патните трошоци на Драгица Ѓавочанова – Пратеник изнесуваат повеќе од инвестицијата на нејзината влада за патот по кој што патува, – напиша Ристов на својот фејсбук профил.

Во насока на најавениот студентски марш во четврток тој саркастично и кратко додаде дека ќе штедиме на образование за да бидеме евтина работна сила.

„Ама ќе штедиме на образование. Пошто европска иднина бркаме како евтина работна сила.“

Потсетуваме дека единствено пратениците од Левица не ја користат (злоупотребуваат) привилегијата за надоместок на патните трошоци на државна сметка.