АктуелноЛокално

Паника во Пинтија – Истечена непозната материја предизвика масовна интервенција на службите

Денеска попладне, во скопската населба Пинтија, спроти поранешниот хемиски комбинат ОХИС, се случи инцидент кој предизвика масовна интервенција на итните служби. Според неофицијални информации, истечена е поголема количина на непозната течност во близина на салонот за мебел „Андро Промет“. На местото на настанот се присутни повеќе противпожарни возила и полициски екипи.

Граѓани кои се затекнале во близина на местото на инцидентот пријавуваат присуство на непријатен мирис во околината. Иако се шпекулира дека течноста не потекнува од ОХИС, поради историјата на хемиски инциденти во овој дел на градот, жителите се загрижени.

Во моментов, сообраќајот во околината не е запрен, но се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции. Граѓаните се повикуваат на претпазливост и да избегнуваат движење во близина на местото на инцидентот додека не се утврди природата на истечената материја.

Официјални информации за причините и последиците од инцидентот сè уште не се достапни. Очекуваме изјава од надлежните служби во најскоро време.

Z P

Zvezdanka Pesikj