За чии бизнис интереси се борат советниците на ДПМНЕ во Општина Карпош

  • Став на Горјан Илиев модератор на ЛО Левица Карпош

Деновиве, советниците на ДПМНЕ во Карпош водат агресивна медиумска кампања насочена кон советниците на Левица и најдиректно кон Претседателот на Советот, Бранко Ристов, по објавувањето на предлог ДУП-от од страна на Градоначалникот Јакимовски.

Но, фатени се во лага: Советниците на Левица први јавно објавија дека ќе гласаат против овој предлог ДУП бидејки:

Новиот предлог предвидува изградба на станбен комплекс од 12.445м2, за разлика од последниот предлог од 2012та година кога за истата локација биле предвидени 2.337м2.

Сопственик на оваа локација е бизнисменот Фатмир Етеми, попознат во јавноста како сопственик на оспоруваната зграда која го “изеде“ зеленилото пред Мајчин Дом во Аеродром.

Со овој ДУП ќе биде проширен булеварот, односно зеленилото и паркот пред зградите секако ќе бидат отсранети и покрај изјавите на Јакимовски дека нема тоа да се случи.

Предложениот ДУП ги оправдува овие одлуки врз основа на ГУП-от на Град Скопје кој истите ги предвидува, но важноста на тој ГУП истече во 2022 година и истиот е НЕВАЖЕЧКИ!

Бидејќи Левица е секогаш транспарентна во своите ставови, останува прашањето: Зошто советниците на ДПМНЕ упорно се обидуваат да ја извртат приказната во јавноста и водат отворена битка против претседателотна Совет од редовите на Левица?

Токму во времето на поранешниот градоначалник од нивните редови, Коце Трајановски е донесен овој Генерален Урбанистички План според кој е предвиден и овој ДУП – односно сите негови напори на советниците на ДПМНЕ се само лицемерен и ефтин обид да се купат гласови кај карпошани!

Овој ГУП беше оспоруван уште од неговото донесување, поради недоволна транспарентност и вклученост на експертската јавност, односно водење според лични и бизнис интереси, намести грижа за заедничкиот интерес!

Препукувањата во општина Карпош повеќе наликуваат на одбрана на сопствени бизнис интереси од страна на ДПМНЕ И ГРОМ, отколку борба за жителите од овој дел на Карпош.

Додека ДПМНЕ води директна битка со советниците на Левица и заедно со Стевче одработуваат за градежната мафија, карпошани се тие што ќе одлучат кој навистина ги заштитува нивните интереси!