Регионалниот пат Богданци – Гевгелија се реконструира само во предизборни кампањи

  • Реакција на Левица – ЛО Богданци

Доста нѝ е од лаги и манипулации, од видео изјави во обид да се соберат само политички поени, народот е веќе изморен и бара видни решенија во најбрз можен рок.

Сведоци сме дека регионалниот пат Р-1109 е во очајна состојба. Тој поврзува три гранични премини, секојдневно транзитираат секаков вид на сообраќајни возила, но неговата состојба се влошува и ние не можеме да сме неми и слепи на повикот на граѓаните да реагираме.

По сѐ изгледа состојбата и потребата од реконструкција на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, се спомнува само за време на предизборните кампањи, како од СДС така и од ДПМНЕ.

Во прилог ви го доставуваме видеото од пратеничката Драгица Ѓавочанова, како предизборна кампања – видео од 2020 година, од редовите на СДС.

ЛО Левица Богданци смета дека ДОСТА време е потрошено на зборување и на слепо верување дека те едните, те другите ќе пробат да го решат овој долгогодишен проблем.

ЛО Левица Богданци секогаш стои позади граѓаните и нивното добро.

Затоа на 26.06.2022 година во 18 часот, кај раскрсницата Стојаково – Богданци – Ѓавото, кај бензинската пумпа Шимов, ќе излеземе на протести заедно со граѓаните на Општина Богданци.

Ова е за доброто на сите нас!