Апасиев: Методологијата на пописот е спротивна на сите меѓународни стандарди

Пратеникот на Левица – Димитар Апасиев во своето гостување на „Само вистина”, истакна дека пописот не смее да биде одложен само поради пандемијата, затоа што Законот за попис е спротивен на меѓународните стандарди.

Методологијата на пописот и дефинициите секаде се законска материја – кај нас се ПОДЗАКОНСКА материја и ги носи директорот Апостол кој го плаши народот со глоби. Методологијата не прави разлика помеѓу вкупно население и вкупно попишано население, што значи дека Методологијата нема да даде релевантни податоци кои се потребни за планирање на економијата, демографијата, индустријата итн., како што тие тврдат.

Следната манипулација е со вообичаено место на живеење: истата е толку нејасна, не се употребени меѓународните стандарди, со што секое место може да ви се смета за место на живеење. Да дојдете на гости и да речете „ова е мое место на живеење.”

Следно, никаде во Европа не можете да се потпишете без документи – кај нас можете, не само вие да се попишете, туку и други лица да попишете само со единствен матичен број. Исто така, други лица за вас можат да дават податоци, дури и за лични податоци, како етничка, верска и религиозна припадност, што по сила на сите меѓународни стандарди е строго лично, не може никој друг да се изјасни за вас како се чувствувате. Може денес се чуствувате за Македонец, утре се чувствувате за Србин, задутре се чувствувате за Бошњак, тоа е ваше право да се чувствувате и не може ваша роднина тоа да го прави Тоа е спротивно на Европската Конвенција и на нашиот Устав и тоа тие го воведоа.

И на крајот, немате инструменти на контрола пост-пописна и тука е кваката каде тие ќе пумпаат. За разлика од попсиот во 2011 година кој беше одложен, каде што имавте двајца попишувачи од мешана етничка заедница да се самоконтролираат – сега немате такви попишувачи. Тоа значи дека ромска населба оди Ром, во албанска заедница оди Албанец итн…

И следно, немате хартиена форма. Случајно или не, имате само клауд форма, значи само витруелна, дигитална форма за попишување. Во ситуација кога ЦИА е напаѓана од хакери, кога нашиот сајт на ДИК му падна сајтот среде избори, нас Апостол ни кажува дека се’ ќе биде во ред. Значи, немате специјална хартија каде ќе се попишува и ќе се архивира 20 години согласно Закон за архивска граѓа. Се’ е виртуелно и тоа значи дека добар хакер може ви го нападне сајтот и да ви ги штима резултатите без никаква контрола, дури и да не знае Државниот Завод за статистика.” – истакна Апасиев.