Иран ги прогласи американските војници за терористи
Како одговор на прогласувањето на Иранската Револуционерна Гарда за терористичка организација од страна на САД, Исламската Република Иран ја прогласи Централната Команда на САД на Блискиот Исток за терористичка организација.
Иран го оцени потегот на САД како „закана за регионалниот мир и стабилност и очигледно кршење на меѓународното право“. Потегот не се очекува да има некаков реален ефект, но претставува знак дека САД се помалку го доминираат дискурсот за тоа кој е терорист, а кој не.
Во исто време, Европската Унија одлучи да ги продолжи санкциите кон Иран за најмалку до 2020 година. Како изговор за ваквиот потег тие тврдат дека причината е „кршењето на човековите права“, иако повеќе од јасно е дека ова е успех на доминантното влијание на САД врз европската политика.