Левица: Експропријација на украдениот имот наместо приватизација на здравството

„Додека министерот Димитров на својата посета во Берлин ги убедува германските пратеници дека Македонија е светол пример за регионот и Европа, истовремено се зголемува бројката на млади лекари кои ја напуштаат државава. Само во првите три месеци од 2019 година, 83 лекари побарале од Лекарската Комора потврда за напуштање на земјата.

Деновиве актуелна беше одлуката на прилепската болница противправно да им ја укине претходно одобрената специјализација на шест млади доктори, за кое скандалозно решение веќе има и најави за тужба. Специјализацијата во Македонија, а особено во периферните градови, се одвива во мизерни услови при ниски плати, со кои комплетно се деградира хуманата дејност на лекарската професија и системски се уништува јавното здравство. Дополнително, во повеќе болници стојат испразнети места за кои институциите одбиваат да распишат оглас, поради што здравствените установи работат со преполовен капацитет и со долги рокови и редици за чекање за медицински интервенции.

Јавно го прашуваме министерот Филипче, дали намерно се предизвикува егзодус на младите лекари со ваквите катастрофални политики, за потоа под изговор за неефикасност и непродуктивност, јавното здравство да биде приватизирано од бизнис-интереси блиски до власта? Дали за министерот Филипче и владината програма ”План за живот”, здравјето и животот на граѓаните се премногу скапи за одржување и инвестирање, додека секојдневно непродуктивно се трошат милионски суми народни пари за луксузни возила, скапи мебели и фитнес-сали за пратениците?

Сиромашните граѓани нема да плаќаат огромни суми за базични здравствени услуги, само затоа што криминалните политики за богатење на бизнис-партиите го доведоа во колапс здравствениот систем. Потребна е експропријација на украдениот имот од граѓаните, а не приватизација! Нема да дозволиме уште една приватизација заради бизнис-интересите на власта!” – стои во реакцијата на политичката партија Левица.

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА УКРАДЕНИОТ ИМОТ НАМЕСТО ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЗДРАВСТВОТОДодека министерот Димитров на својата посета во…

Публикувахте от Левица / E majta / Levica в Вторник, 9 април 2019 г.