Петров: Минорните политички преминуваат од бродот кој тоне СДС, кон ДПМНЕ
- Фејсбук статус на Никола Петров, член на Левица
Деновиве сме сведоци на преминувања, трансфери, на минорни политички партии од бродот кој тоне СДС кон ДПМНЕ, од причина, да си обезбедат некое сигурно место во идната влада, фотелја, тендер или некој друг личен интерес, оти кај овие друго и нема останато.
Па да почнеме со ред, да се потсетиме на врските кои ја држаат оваа коалиција СДС-ДПМНЕ во изминативе 30 и кусур години.
Љубчо Георгиевски, еден од основачите на ДПМНЕ, формираше нова партија и коалицираше со СДС.
Љубе Бошкоски, функционер во ДПМНЕ, формираше нова партија и коалицираше со СДС.
Павле Трајанов, функционер во ДПМНЕ, формираше нова партија и коалицираше со СДС.
Ден Дончев, функционер на ДПМНЕ, заврши кај СДС.
ДОМ, премина од коалиција со ДПМНЕ во СДС.
Тито Петковски, заштитното лице на СДС, формира нова партија НСДП и премина во ДПМНЕ, за после пак да влезе во коалиција со СДС.
Весна Бендевска, убавото лице на СДС своевремено, премина кај избрканите од СДС и ДПМНЕ, односно во ЗНАМ.
Максим Димитриевски кој со петни жили ја бранеше “Северна” на другар му Заев, го избркаа од СДС и формира нова партија ЗНАМ, и ги собра сите пребегани и избркани од СДС и ДПМНЕ.
Стевче Јакимовски, човекот кој уште од крајот на 80тите од СКЈ е на некоја политичка функција, бил секаде, и кај СДС и кај ДПМНЕ, така да и сам веќе не знае каде е.
Солза Грчева, бивша пратеничка на СДС сега голем патриот со своја партија.
Мендух Тачи, лидер на некогашната голема партија ДПА, конечно си се спои со најголемиот конкурент, ДУИ.
Али Ахмети, УЧК/ДУИ, во коалиција со било кој, али секогаш на власт.
Панчо Минов, каде има потреба таму ќе пополни.
Стојанче Ангелов од Достоинство, недостоинствено ја напушти СДС и отиде кај ДПМНЕ.
Некој Павле Богојевски од Шула Мина, тоест концепт, жесток критичар на ДПМНЕ, влезе под јорган со нив.
ЛДП, веќе не знам ни кој им е претседател на партијата, али ги среќававме во сите можни коалиции.
Ако ви текнува на уште некој, слободно додадете во коментари.
Тоа што сакам да нагласам е дека политичката сцена кај нас овие изминати 30тина години, ја претставуваат лица кои се водени од некои интереси, лични или странски. Идеологијата која треба да биде носител на политиката и до која треба да држат партиите, ја нема кај овие горе спомнати партии.