Изгласан буџетот на Општина Карпош – прифатени конструктивните предлози на Левица

  • Соопштените на Левица – ЛО Карпош

На денешното продолжување на 38мата седница на Советот на Општина Карпош, беше изгласан предлог буџетот за 2024 година, а за негово усвојување гласаа сите советнички групи, освен онаа на ДПМНЕ.

Советниците на Левица гласаа во заштита на интересите на карпошани и доследно на партиската идеологија ги дадоа следните предлози, кои беа прифатени како дел од буџетот за 2024 година:

Намален е буџетот за прославата на годишнината од формирање на Општина Карпош за 1 милион денари.

Субвенциите за возачки дозволи добиваат социјален карактер и со нив ќе бидат опфатени повеќе млади лица!

Со програмата за урбанистичко планирање, по предлог на Левица, сега Советот ќе биде дополнителен ФИЛТЕР пред изготвувањето и носењето на ДУП-ови во општината!

Воведување на нов правилник за распределба на награди и стипендии во спортот.

Обезбедување на психолошка поддршка на лица жртви на семејно насилство.

Бесплатни прегледи за рак на дојка и простата за жителите на Карпош.