“Бадникови поворки” во сабота во Крива Паланка

На 6 јануари, сабота 2024, со почеток од 11:30 часот почнувајки од плоштадот Карпошово Востание до градскиот плоштад ќе се одржи свечена “Бадникова поворка 2024”, како дел од свеченостите со кои радосно ќе биде најавена веста за Христовото раѓање по што следува концерт со коледарски и божиќни песни.

Во чест на големиот христијански празник, Бадник, во 12:30 часот ќе се одржи и бадниковата свеченост.