“Го сакам Водно“ на 12.05.2018

На 12 мај, во сабота, ќе се одржи настан за промоција на Водно. Организатори на настанот се граѓанската иницијатива “Го Сакам Водно“, МТВ Oxygen, I Love Hiking, O2 Коалиција. Настанот започнува во 9 ч од ОУ Кочо Рацин, собирна точка и за граѓаните кои ќе одат по пешачките патеки и за велосипедистите. Втората собирна точка е на средно Водно во 10 ч, а завршува на врв во 12 ч, каде ќе има музика и опуштање во Планинарскиот дом. Попатно ќе има можност за собирање на отпад од патеките како и потпишување во книга со свои пораки за Водно. Настанот е комплетна граѓанска иницијатива за промоција на Водно како зелена оаза, наши бели дробови, поради сооченоста со сѐ поголемата узурпација на истото преку различни градежни проекти.