Поранешен офицер на ЦИА брутално уапсен во Сенатот на САД

За време на гласањето за конфирмација на новата директорка на ЦИА, предложена од Доналд Трамп, совладан и уапсен е поранешниот офицер на ЦИА, Реј Мекговерн.

Мекговерн бил офицер на ЦИА 27 години и е „свиркач“ за злосторите на американската тајна служба. За време на конфирмацијата тој присуствуваше и протестираше проотив кандидатката за директорка на ЦИА, Џина Хаспел, поради нејзината историја на измачување на затвореници. Но, „слободната и демократска“ држава САД тоа не можеше да го дозволи. Од страна на полициски службеници, Мекговерн беше физички совладан и изнесен од салата. За време на изнесувањето гласно се жали дека полицијата му ја дислоцирала раката, но залудно.

Израз на крајна наивност и на привилегираност која ја уживаат државјаните (посебно повисоките државни службеници) во земјите како САД, кои се богатат од сиромаштијата на други држави (пред се афрички и јужноамерикански) е ставот дека ЦИА може да се реформира и дека ако само се постави некој/а на чело кој не е корумпиран/злобен/слично, агенцијата ќе се подобри. „Компанијата“, како што симптоматично е нарекувана ЦИА од страна на своите вработени, има историја на државни удари, мачења, атентати, геноциди и разни други злосторства. Тие, како што кажува прекарот, се во слуга на американската империјалистичка бизнис заедница и не бираат средства борејќи се за нејзините интереси.