Трибина: Новите облици на фашизмот

Преземено од ФБ настанот.

На ден 13 Мај (Недела) со почеток од 14:00 на Китиното Кале во Кичево, „Левица“ организира трибина со наслов „Новите облици на фашизмот“.

На оваа трибина учество како предавачи и говорници ќе земат членови на раководните партиски органи на „Левица“:

Џејлан Велиу (1991, Битола) – дипломиран правник. Студент на постдипломски студии по Казнено право. Социјален активист во бројни иницијативи меѓу кои и во движењето за социјална правда – ЛЕНКА.

Хактан Реџеп Исмаил (1988, Скопје) – магистранд на одделот по применета политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Долгогодеишен активист и основач на „Движењето за социјална правда Ленка“, живее и работи во Скопје.

Никола Игнатовски (1981, Битола) – член на Централниот Комитет на „Левица“, бил студент на англиска филологија во Софија работи како програмер.

Обично, при споменување на зборот „фашизам“ веднаш се присеќаваме на практиките на одредени лидери од минатиот век на Европа како што се Хитлер, Мусолини или Франко. Но, причините за тие појавата на истите фашистички режими беа длабоко вкоренети во општествените услови и пред да стапат на сцена нивните лидери. Поимањето на фашизмот само преку ваквите режими во минатото е анахроно, поради тоа е потребно да се погледнат модерните облици на фашизмот. Постоење на општетсвени услови токму кои одговараат за појава на фашистички практики на модерното време се причина и за разните изблици на фашистички политички практики како во внатрешните политички валеења на државите така и на меѓународната сцена фашистички изблици помеѓу државите како потчинување на едни народи над други.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!