Клуб на читатели посветен на збирката раскази „Луѓенца“од Лилјана Пандева

На 28 март (четврток) со почеток од 19 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе се одржи клубот на читатели посветен на збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева.

Модратор на настанот ќе биде Рада Петреска, библиотекар.
Збирката „Луѓенца“ (ПНВ Публикации, 2022) содржи седумнаесет мајсторски раскажани раскази за колку обични, толку и необични луѓе, што можеби секојдневно ги среќаваме на улица.

„Станува збор за приказни што импонираат како со тематската актуелност, меѓусебната суптилна поврзаност меѓу приказните, така и со раскошната палета на наративни стратегии“ – ќе запише за „Луѓенца“ Владимир Мартиновски.
Книгата на месецот, Разговорот со авторот и Клубот на читатели се дел од големата кампања на „Читаме современи македонски автори“ што Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ја спроведува втора година по ред, како силна поддршка за домашните автори, издавачи, но и на македонскиот јазик.