ЦРВЕНИОТ БРАН Е МЕЃУ НАРОДОТ ВО ТАФТАЛИЏЕ – придружете се за заедно да ги промениме правилата на игра!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, заедно со активистите на ЛО – Карпош се меѓу народот во Тафталиџе.

Драги сограѓани, симпатизери и членови, Ве каниме да ни се придружите на плоштадот “Млечен” во Тафталиџе, каде ќе имаме можност да ви ја претставиме нашата програма за претстојните парламентарни избори.

Вашето присуство е од суштинско значење. Вашиот глас, вашата ангажираност и вашата поддршка се силата што ја крепи Левица и го прави можно остварувањето на нашите заеднички цели!

Оваа средба е можност да ја истражите нашата програма, да разговараме и да ги споделите вашите мислења и идеи!

Дојдете со нас, заедно да изградиме нова ера за нашето општество – ера на заедничка соработка и напредок.