МП: Пропусти на Судскиот совет, констатираше Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите

Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и  Куманово  при што ги констатираше следните состојби :

– Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС

– Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност   

– Недоволен број на информатичари во судовите

– Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми

– Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели

– Тонското снимање главно не функционира

Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава.

Министерството за правда и во наредниот период ќе остане да биде транспарентно и ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.