Квалитетот на водата во Кратово е многу лош

Сè почесто до Левица стигнуваат реакции од граѓани кои се незадоволни од повремените прекини и лошиот квалитет на водата за пиење во Кратово и околните населени места.

Преседан од светски размери е тоа што претпријатието одговорно за водоснабдување на граѓаните со питка вода е во приватна сопственост.

Долгогодишните сплетки и сè она што се случува во континуитет со претпријатието,

ја однесе општината до степен да го лиши сопствениот народ од основното човеково право – пристап до вода за пиење.

Во рурарните места ситуацијата е алармантна! Селата Шлегово, Туралево, Железница, Сакулица, Вакув, Шопско Рударе, Татомир, често се соочуваат со прекини.

Според кажувањето на жителите, квалитетот на водата е лош затоа што недостасуваат #филтер_станици.

Од Левица бараме да се пристапи кон решавање на проблемот и на жителите на општина Кратово да им биде обезбедена основната човечка потреба – чиста вода.