Апасиев: Антикомунизмот во македонски прилики е антимакедонизам

Нашата претходна генерација која ја направила државата, а тоа се, сакале или не комунисти и социјалисти, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Антикомунизмот во македонски прилики е антимакедонизам. Тие луѓето го фатиле духот на времето. Имале визија пред себе дека доаѓаат нови ветришта.

Тој смета дека се наоѓаме пред историски чекори, кои ќе ја одредат позицијата на земјава во иднина.

-Сега е нашето време дали ќе процениме на каде оди политиката, дали ќе бидеме со сите фини или ќе бидеме на губитничката страна.