Борбата почнува сега, потпиши се за Ванковска

Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот. Вашиот потпис за поддршка можете да го дадете во подрачните канцеларии на ДИК во вашата општина, кои се отворени секој ден (вклучително и викенд) од 08:00 до 20:00 часот, порачуваат од Левица.

Во продолжение се точните локации на дел од подрачните канцеларии на ДИК:

За жителите на општините Штип и Карбинци ул.„Васил Главинов” 4Б Штип (во самата Општина, трет кат, соба бр. 304);

За жителите на општините Велес, Чашка и Градско: ул. „Панко Брашнар” бр. 1, Велес ( во самата Општина, влезот на Катастар, канцеларија бр.23)

За жителите на општините Свети Николе и Лозово: ул.„Плоштад Илинден” бб, Свети Николе (во самата Општина, канцеларија бр.7).

Борбата почнува сега – да ја срушиме безалтернативноста, велат од Левица.