Мојсоска: Пецаков му пратил инспекција на Нефи, ама во паралелен универзум

Утрово се разбудил Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, си испил кафе и решил да пуштит инспекција да го рушит објектон на Нефи кај Чинарон, иронично порача Јована Мојсоска од Левица, која реагираше на одлуката на локаланата власт, која се обиде да го отстрани штандот на Левица.

-Во паралелен универзум ама! И утрово загарите на вмровскиов градоначалник пуштат абери дека ќе го “ловеле” штандот на Левица низ Охрид и ќе ги казнувале дечките што лепеле стикери. А па, дечките од Левица многу се потресоа од ваквите ликови, кои уште непркнати влегуваат во филмовите на Мијалков. Ама чисто да знаете како може институциите да “постапуваат” и да се ажурни, нормално, кога не е Нефи во прашање, вели Мојсоска.